До 15 март да се поднесе годишна даночна пријава

Најдоцна до 15 март задолжително треба да се поднесе годишна даночна пријава, доколку во изминатата 2016 година, освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, се остварени и дополнителни приходи. Дополнителен приход може да биде остварен од кирии (издавање на имот - закуп или подзакуп); авторски права; индустриска сопственост; исплатена дивиденда; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот; поединечна добивка од општи игри на среќа (лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа) во износ поголем од 5.000 денари; игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници; интернет (е-трговија; услуги извршени преку специјализирани страни пр. www.freelancer.com, www.upwork.com и др.; поставување на реклами на сопствени интернет страни; прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари); лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија; работно сте ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација и други дополнителни приходи, надвор од редовна плата или пензија.