Известување 27.07.2016

Почитувани членови,

Институтот на сметководители и овластени сметководители Ве известува дека отпочнува со работа. Важнa напоменa дека голем број на институции и организации учествуваа во поддршката на Институтот за што сме им благодарни, при што ве информираме дека сите досегашни напори Институтот ги направи без сопствени средства и буџет.

Благодарност до Министерство за финансии на РМ, Сојуз на сметководители на Македонија, Комора на сметководители на Македонија и сите други институции, организации и здруженија низ Република Македонија кои активно учествуваа со голем број свои членови за отпочнување на работата на Институтот.

Институтот ги застапува интересите на професијата сметководител и упорно ке работи и ќе се залага за унапредување на нашата професија, зголемување на вредноста на трудот на сметководителите и подобрување на условите за работа.

Ве покануваме да земете активно учество во работата на Институтот, добиваме секојдневни конструктивни коментари и прашања, но пред се Ве повикуваме да се избориме за своите права, и очекуваме сите оние кои чесно и законски ја работат својата професија ја го поддржат Институтот.

Двете досегашни иницијативи за преминување на досегашните уверенија во трајни и за истакнување механизам за борба со нелојалната конкуренција и оние кои работат на црно се усвоени и по донесување на формална одлука ќе бидат објавени на веб страната на Институтот.

Нови иницијативи се добредојдени и ќе бидат дел од следната јавна расправа.  Истите можете да ги доставите по електронски пат на info@smetkovoditel.mk

Со почит,

ИСОС