Јавен оглас 05/2016

Врз основа на член 7 од Законот за вршење на сметководствени работи, Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, на 21.07.2016 година објавува јавен оглас за избор на членови на Надзорен одбор на Институтот. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат условите во согласност со Законот за вршење сметководствени работи и Статутот на институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.

Претседателот и членовите на Надзорниот одбор се избираат од редот на членовите на Институтот кои имаат високо образование и уверение за овластен сметководител.

За претседател и член на Надзорниот одбор не може да биде избрано лице на кое му е изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

 

Рокот за пријавување на огласот е 5 (пет) дена од денот на објавувањето.

Пријавите со потребните документи се доставуваат во електронска форма на еmail на Институтот на info@smetkovoditel.mk, со назнака „Јавен оглас  за избор на член на Надзорен одбор“. Пријавата како прилог треба да има кратко CV за кандидатот, доказ за поседување на уверение за сметководител или овластен сметководител, доказ за завршено високо образование, доказ дека на лицето не му е изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење професија, дејност или должност