Одлука за свикување на Собрание на ИСОС

Врз основа на член 8, став 2 од Законот за вршење на сметководствените работи, Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, на ден 06.07.2016 година донесе:

ОДЛУКА
за свикување на Собрание на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија

Член 1
Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија на ден 06.07.2016 година донесе одлука за свикување на Собрание на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, во согласност со процедурата утврдена во член 8 од Законот за вршење на сметководствените работи.

Член 2
Се повикуваат во согласност со Законот и Статутот на Институтот сите членови да достават  номинација за избор на претставници на подружниците на Собранието на институтот во рок од 7 дена од објавувањето на одлуката.

Член 3
Оваа одлука стапува на сила на денот на нејзиното донесување.

Скопје, 06.07.2016 година