Јавен оглас 04/2016

Врз основа на член 7 од Законот за вршење на сметководствени работи, Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, на 06.07.2016 година објавува јавен оглас за избор на членови на комисии. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат условите во согласност со Законот за вршење сметководствени работи и Статутот на институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија 

(1)Заради вршење на работите од својот делокруг Институтот ги формира следните комисии:

1)Дисциплинска комисија

2)Комисија за стандарди за финансиско известување

3)Комисијата за етика

4)Комисијата за образование, обука и публикации

5)Комисијата за спроведување на испит за сметководител или овластен сметководител

6)Комисијата за следење на спроведувањето на контролата на работата

7) Комисија за ревизија на одржаните испити за сметководител или овластен сметководител

Рокот за пријавување на огласот е 5 (пет) дена од денот на објавувањето.

Пријавите со потребните документи се доставуваат во електронска форма на еmail на Институтот на info@smetkovoditel.mk, со назнака „Јавен оглас  за избор на член на комисија“. Во пријавата задолжително да се нагласи за која комисија се пријавува кандидатот (кандидатот не може да се пријави за повеќе од една комисија). Пријавата како прилог треба да има кратко CV за кандидатот како и доказ за поседување на уверение за сметководител или овластен сметководител.