Известување поврзано со уплатите на надоместоците и членарините

Институтот за сметководители и овластени сметководители ги известува своите членови, носители на уверенија за овластени сметководители и сметководители, дека при уплата на надоместоците и членарините е потребно покрај името и презимето да се наведе и бројот на уверението, за да може навремено и точно да се евидентира Вашата уплата.

Во прилог објавуваме урнек на уплата од физичко лице, како и од правен субјект за едно физичко лице.

Доколку уплатата е од правното лице, а таа се однесува за повеќе лица, Ве молиме на нашиот маил isos@archiva.mk да испратете спецификација, за кои лица се однесува конкретната уплата со датум на уплата, вкупниот износ и име, презиме и број на уверение на физичкото лице.