Информација за подносителите на барања за издавање на уверение за сметководител и за овластен сметководител

Институтот на сметководители и овластени сметководители се обрати до Министерството за образование и наука на Република Македонија, со цел правилно определување на тоа кои звања наведени во уверенијата издадени од универзитетите во Република Македонија, а со кои се стекнале лицата по завршениот факултет се од областа на економија и бизнис. Лицата потенцијални апликанти кои сакаат да аплицираат и да се стекнат со уверение од Институтот на сметководители и овластени сметководители согласно член 15 од Законот за вршење на сметководствени работи можат да се информираaт дали ги исполнуваат пропишаните условите со кои се регулира добивањето на уверение за сметководител или овластен сметководител.

Министерството за образование и наука во својот одговор упати на Класификацијата на научно-истражувачки подрачја полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација која е Прилог 2 од Уредбата за нормативи и страндарди за основање на високообразовни установи и за вршење на високообразовна дејност (Службен весник на РМ број 103/10 од 30.07.2010 година). Делот за економски науки е заведен под шифра 503, а делот за организациски науки и управување (менаџмент) е заведен под број 506.