ИСОС: Предлог – иницијатива за измена на регулативата за доставување на статистички податоци

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, подготви Предлог иницијатива за измена на законската регулатива, со која се регулира пополнувањето и доставувањето на податоци во статистичките обрасци согласно законската обврска (Закон за државна статистика „Службен весник на РМ бр. 54/97, 21/07, 51/11, 20/13, 104/13, 24/14, 42/14, 13/15, 192/15, 07/16 и 27/16).

Пополнувањето и доставувањето на овие статистички податоци кои ги имаат правните субјекти во најголем број од случаите, паѓаат на терет на сметководителите, а сето тоа значи зголемени трошоците на работењето и секако бара значително трошење на работни часови за таа намена.

Целта на оваа иницијатива е измена на законската регулатива во насока на централизирано користење на веќе постоечките податоци во државните институции како што се Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Централниот регистар на РМ и останатите министерства и институции до кои, согласно останатите законски решенија, подaтоците се веќе доставени и обработени и тие во најголем дел се во електронска форма.

Со тоа би се заштедило во време, средства и на тој начин Државниот завод за статистика ќе обезбеди значително поквалитетни, веродостојни и навремени статистички податоци кои ќе бидат од корист за сите чинители во општеството.
Правните субјекти со овој централизиран начин на обезбедување на податоци, нема да се соочат со последици заради неисполнување на обврските како што се: прекршочни одредби и предвидените високи глоби за одговорните лица, но и за правните лица.