Најчесто поставувани прашања

Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ воспоставува новина, најчесто поставуваните прашања од страна на заинтересираните лица и  соодветни одговори да ги објавува на својата веб страница

1. Кога истекува рокот за поднесување на барање за добивање лиценца на правни субјекти за вршење сметководствени работи ?

За аплицирање за лиценца за вршење на сметководствени услуги согласно Законот за вршење на сметководствени работи потребно е да поднесе барање апликант, правно лице, кое според закон има регистрирано сметководствена дејност и сака да врши сметководствени работи. Без лиценцата и упис на правното лице во соодветниот регистар правното лице нема право да врши сметководствени работи од моментот на воспоставување на регистарот.

Согласно член 20 и 21 од Законот за вршење на сметководстсвени работи сметководител или овластен сметководител кој е запишан во регистарот на Институтот, преку предвидените и утврдени форми согласно овој закон поднесуваат барања за добивање на лиценца тогаш кога ќе ги исполнат предвидените услови со закон.

 

2. Дали друштвото за вршење сметководствени работи мора да има еден овластен и еден сметководител или може да добие лиценца и со двајца овластени сметководители?

 Друштвата за вршење на сметководствени работи можат да се стекнат со лиценца согласно член 21 доколку имаат вработено најмалку еден сметководител и еден овластен сметководител. Доколку имаат двајца или повеќе овластени сметководители исто така можат да се стекнат со лиценца доколку ги исполнат кумулативно и останатите услови.

 

3. Дали надоместокот за издавање лиценца се плаќа еднократно и дали фирмите ќе плаќаат членарина, како и физичките лица?

Надоместокот за издавање лиценца е еднократен за секоја лиценца поединечно, а членарините се плаќа согласно член 13 став 1 од Законот за сметководствени работи и Тарифникот на Институтот, каде е предвидено плаќање на  чланарини.

 

4. Согласно член 20 од Законот за вршење на сметководствени работи секое друштво треба да има вработено еден сметководител и овластен сметководител. Дали вработените мора да се вработени на полно работно време или може да бидат  вработени и на скратено работно време (пример: 20 часа)?

Согласно член 21 став 2 точка 2 од Законот за вршење сметководствени работи утрврден е услов - список на вработени како сметководител или овластен сметководител, па сходно тоа во целост треба да се имаат во предвид одредбите од Законот за работните односи (ЗРО).

Законот утврдува лицата кои работат кај правното лице да се во работен однос за што нема прецизна одредба дали на половина (скратено работно време)  или полно работно време.

Вработено лице на половина (скратено) работно време може да биде вработено и во друго друштво со законски утврдениот максимум за двете работни места кој не треба да  надминува 40 часа неделно.

Треба да се има во предвид и одредбата од ЗРО член 121 за дополнително работење на работникот кој веќе работи на полно работно време.

 

5. Дали сметководител или овластен сметководител може да биде вработено во повеќе друштва за вршење на сметководствени работи?

Сметководителиот односно овластениот сметководител, согласно со Законот за работни односи може да биде вработени во повеќе од едно друштво.

 

6. Како ќе биде регулирана работата на ревизорските куќи, дали тие ќе треба посебно да се регистрираат за сметководствена дејност со посебна полиса за осигурување?

Законот за сметководствени работи (ЗВСР) не ја регулира работата на ревизорските услуги. Условите за работата на правните субјекти кои вршат сметководствена дејност е регулирана со член 20 и 21 од Законот за сметководствени работи. Согласно овие членови е потребно да се постапи при поднесување на документите за добивање на лиценца за вршење сметководствени работи. Како доказ за годишното осигурување согласно став 2 точка 5 од член 21 од  ЗВСР треба да се приложи полиса за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност (сметководствени работи).

 

7. Дали трговец поединец – овластен сметководител можеме да се јави на тендер за сметководствени услуги во јавно претпријатие?

Трговец поединец може да врши сметководствени работи единствено за правните лица во согласност со член 20 став  5 и 6 од Законот за вршење на сметководствени работи. За јавни претпријатија може да врши сметководствени работи овластен сметководител вработен во Ј.П. или друштво за водење на сметководствени работи.

 

8. Ве молам да не информирате дали осигурувањата треба да одат преку осигурителните компании кои што се наведени на вашата интернет страница или може да се осигураме преку друга осигурителна компанија?

Изборот на осигурителна компанија е Ваша одлука но потребно е да имате во предвид осигурителната полиса да е во согласност со одредбите од Законот за вршење на сметководствени работи, посебно во делот на висина на осигурување од вршење професионална дејност (сметководствени услуги) како и од видот на правното лице (субјект) кое се стекнува со лиценца за вршење на сметководствени работи согласно Закон.

 

9. Дали може лице да се стекне со уверение за сметководител или овластен сметководител со завршени магистерски студии од областа на  економијата, доколку додипломските студии се од друга област?

Во согласност со Законот за вршење на сметководствени работи доколку лице кандидат за добивање на Уверение согласно член 15 има 240 кредити и дипломата за магистерски од економија, лицето има право да поднесе барање за овластен сметководител доколку има потврда за работно искуство кај работодавач.