Официјален регистар согласно член 29

Институтот на овластени сметководители и сметководители согласно член 29 од Законот за вршење сметководствени работи води  Регистар  на  овластени сметководители и  Регистар  на сметководители. Согласно Законот, Институтот податоците од регистрите ги објавува на својата веб страница и истите континуирано ги ажурира.

На официјалните регистри се наоѓааат овластените сметководители и сметководители за кои Институтот доби потврди дека не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност од Централниот регистар до 29 март 2017 година. Официјалните регистри ќе се дополнуваат како ќе се добиваат потврдите од Централниот регистар.

Сите сметководители и овластени сметководители, согласно Законот, се должни да го известат Институтот за сите промени во врска со податоците содржани во регистарот во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената.

За официјални регистри се сметаат само регистрите кои се објавени на веб страницата на Институтот

 

Регистар на сметководители

Регистар на овластени сметководители