Повик за подигање на уверенија за овластен сметководител

Почитувани,

Институтот на сметководители и овластени сметководителина Република Македонија од понеделник 23 јанауари 2017 ќе отпочне со доделување на уверенијата за овластен сметководител, по првиот јавен повик.  Доделувањето ќе биде во периодот од 23 до 27 јануари во хотел „Континентал“ во периодот од 09:00 до 18:00 часот.

Уверенијата ќе се доделуваат во траење од пет работни дена, според листи кои ги објавуваме во прилог.

Првиот ден ќе се доделуваат уверенијата со број 0100011 до 0101300,

Вториот ден ќе се доделуваат уверенијата со број 0101301 до 0102500;

Третиот ден ќе се доделуваат уверенијата со број 0102501 до 0103700;

Четвртиот ден ќе се доделуваат уверенијата со број 0103701 до 0104900 и

Петтиот ден ќе се доделуваат уверенијата со 0104901 до 0106146.

Уверенијата можат да се подигнат лично или со заверено овластување.

Ве замолуваме со цел обезбедување ефикасно одвивање на процесот на доделување на уверенија, да го забележите Вашиот број на уверение или архивскиот број, што може да го утврдите во листите кои ќе бидат објавени на веб страната на Институтот.

Овластените сметководители кои нема да бидат во можност да ги подигнат уверенијата во овие денови, тоа ќе може истото да го сторат во просториите на Институтот за сметководители и овластени сметководители на РМ на ул. Ѓуро Стругар број 5 – зграда Технометал во од 30 јануари 2016 па натаму во работни денови од 09:00 до 16:00 часот.

Листата е достапна на следниот линк

Со почит,

ИСОС