Половина од деловните субјекти организираат континуирана професионална обука

Во најновиот извештај на Заводот за статистика се наведува дека во 2015 година, 2. 515 деловни субјекти, т.е. 45.9% од деловните субјекти имаат организирано барем еден од видовите на континуирана професионална обука.

Внатрешните курсеви за континуирана професионална обука се застапени во 1.919 деловни субјекти што претставува 35.0% од вкупниот број на деловни субјекти, додека надворешните курсеви се застапени со 32.8%, т.е. во 1 800 деловни субјекти.

Континуираната професионална обука е најзастапена во деловните субјекти кои имаат повеќе од 250 вработени, односно 70.4% од овие деловни субјекти има организирано барем еден од видовите на континуирана професионална обука.

Деловните субјекти во државна сопственост кои спроведуваат континуирана професионална обука претставуваат 63.7% од вкупниот број деловни субјекти во државна сопственост.