Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2017 година, во однос на март 2016 година, изнесува 101.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (7.6 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.2 %) и Уметност, забава и рекреација (6.4 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (5.8%) и Информации и комуникации (5.2 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2017 година изнесува 32. 999 денари.
Во март 2017 година, 1.3 % од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Преземи го соопштението во целост

Преземи табели