Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017 година, во однос на март 2016 година, изнесува 101.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.5%), Рударство и вадење на камен (7.2%) и Уметност, забава и рекреација (6.7%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.4%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6.3 %) и Информации и комуникации (5.2%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017 година, изнесува 22. 445 денари.
Во март 2017 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Преземи го соопштението во целост

Преземи табели