РКЕ објави нови цени на нафтените деривати

Малопродажните цени на Еуросупер БС - 95 и Еуросупер БС - 98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 15.05.2017 година и со тоа малопродажната цена на Еуросупер -95 изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 66,00 ден/лит, се наведува во соопштението на Регулаторната комисија за енергетика на Р.Македонија.
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит и изнесуваат 50,50 ден/лит за Еуродизел (Д-Е V) и 39,00 ден/лит за Екстра лесното масло за домаќинство.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,130 ден/кг и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,382 ден/кг.
Во прилог ја објавуваме Одлуката на РКЕ и соопштението во целост.