Соопштение за работилницата за имплементација на меѓународните практики за подобрување на квалитетот на сметководствените услуги

На 5-6 Април 2017, Скопје се одржа дводневна работилница на тема „Имплементација на најдобрите меѓународни практики за подобрување на квалитететот на сметководствени услуги„, во организација на Институтот на овластени сметководители и сметководители и Сојузот на сметководители на Република Македонија.

Сакаме да истакнеме дека оваа четврта работилница е продолжение на активностите кои во претходните две ипол години ги имаше Сојузот на сметководители на Република Македонија, а во интерес на сметководителите и за во иднина, го сподели правото со Институтот на овластени сметководители и сметководители да се вклучи во понатамошната работа на работната група - APSF работна група составена од следниве Професионални Сметководствени Организации (PAO): Сојузот на сметководители на РМ и Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, Сојузот на сметководители, ревизори и финансиски работници на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Институтот за овластени ревозори на Црна Гора, Здружението на сметководители и ревизори на Република Српска, Сојузот на сметководители и ревизори на Србија и Институтот на ревизори од Албанија.

Еминенти предавачи Martin Manuzi, Janet Hartas и Sian Watson од Институтот на овластени сметководители на Англија и Велс (ICAEW) ги споделија најсовременти практики во областа на обезбедување и подобрување на квалитетот на сметководствените услуги во регионот.

Дел од препораките  се однесуваат и на обезбување проактивен пристап во образованието, јакнење на ангажманот на професионалните сметководствени организации во соработката со Светска банка, за поддршка на сметководствената професија и корпоративно известување и доверба на инвеститорите во земјите учеснички. Преку активностите на оваа работна група исто така треба да се зајакне капацитетот на професионалните здруженија од регионот“.