СООПШТЕНИЕ НА ЦРМ ЗА ПРИЕМ НА ГОДИШНИ СМЕТКИ

Почитувани,

Се известуваат сите обврзници за поднесување на годишни сметки, дека Централниот регистар на РМ ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2016 година, во деновите:

  • 02.2017 (сабота) од 08:00 до 16:00 часот,
  • 02.2017 ( понеделник) од 08:00 до 20:00 часот и
  • 02.2017 (вторник) од 08:00 до 20:00 часот.

За субјектите со вид на големина (микро и мали) кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15.03.2017 година.

Кратово, Демир Хисар и Крушево

На 27.02.2017 – (понеделник) и 28.02.2017 – (вторник) со работно време од 08:00 часот – 16:00 часот, Централниот регистар на Р. Македонија овозможува прием на годишните сметки во хартиена форма за 2016 година за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:

  • Кратово – во објектот на Општина Кратово
  • Демир Хисар – во објектот на Општина Демир Хисар
  • Крушево – во објектот на Уни банка