Јавни расправи за предлог-актот за минимални надоместоци

Со цел подобрување на критериумите на предлог-актот со кој од страна на Собранието на Институтот на сметководители и овластени сметководители се предложени минимални надоместоци за месечните трошоци за книговодствени услуги се одржаа  јавни расправи во Скопје, Штип, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Битола, Кичево, Ресен, Дебар, Гостивар, Куманово, Охрид, Струга, Велес, Тетово на кои учествуваа 658 претставници на сметководствени бироа и самостојни  сметководители.

На јавните расправи се предлагаа дополнителни поделби во актот пред се со цел да бидат опфатени самостојните вршители и занаетчии кои не се ДДВ обврзници, како на пример трговски претпријатија со по еден вработен како и занаетчии и земјоделците како и физичките лица кои се ДДВ обврзници. Исто така се предложи да се додаат и две категории на даночни обврзници кои остваруваат годишен промет поголем од 100 милиони денари и од 200 милиони денари. Претседателката на Институтот Ленче Папазовска информираше дека веќе е подготвен предлог договор и општи услови кои ќе можат смeтководителите и овластени сметководители да ги превземат преку веб страната на Институтот. Најважно е во договорите сметководителите  таксативно  да ги определат услугите кои ќе ги даваат на своите клиенти.

Во однос на членарината беше кажано дека истата може да се уплатува месечно, квартало или годишно онака како што им одговара на сметководителите.

Во однос на тоа дали сметководителите кои се вработени во една фирма ќе можат да потпишуваат годишна сметка и за други фирми, одговорено беше дека треба да се испочитува Законот за сметководствени работи и Законот за работните односи. Тоа би значело дека доколку овластениот сметководител не е вработен во соодветното друштво не ќе може да ја потпише годишната сметка за субјектот.

На јавните расправи се дискутираше и за континуираната едукација. Дадена е  информација дека активностите се во тек и дека за триесетина до 45 дена се очекува да бидат објавени потребните услови согласно Програмата за континуирано професионално усовршување усвоена од страна на Собранието на Институтот.

Претседателот на Надзорнит одбор Сашо Раденовиќ објасни дека предлог – акт е само појдовна основа на која ќе се надогради цената која треба да ја надомести секој клиент за  книговодствени услуги.

Во повеќето од градовите каде се одржаа јавните расправи беше предложено и со мнозинство прифатено во актот да се утврди цена на час за сметководствени услуги.

Заинтересираните може да достават писмени предлози за подобрување на квалитетот на предлог - актот на официјалните маил адреси на Институтот, info@smetkovoditel.mkisos@archiva.mk и isos@isos.mk до крајот на оваа недела.

Записниците од јавните расправи ги објавуваме во продолжение:

Записник од јавна расправа одржана во Струмица на ден 30.03.2017

Записник од јавна расправа одржана во Кочани на ден 01.04.2017

Записник од јавна расправа одржана во Дебар на ден 06.04.2017

Записник од јавна расправа одржана во Битола на ден 31.03.2017

Записник од јавна расправа одржана во Гостивар на ден 07.04.2017

Записник од јавна расправа одржана во Струга на ден 10.04.2017 

Записник од јавна расправа одржана во Тетово на ден 11.04.2017 

Записник од јавна расправа одржана во Охрид на ден 10.04.2017

Записник од јавна расправа одржана во Штип на ден 03.04.2017

Записник од јавна расправа одржана во Делчево на ден 12.04.2017

Записник од јавна расправа одржана во Велес на ден 10.04.2017 

Записник од јавна расправа одржана во Прилеп на ден 29.03.2017

Записник од јавна расправа одржана во Гевгелија на ден 07.04.2017

Записник од јавна расправа одржана во Кичево на ден 06.04.2017

Записник од јавна расправа одржана во Кавадарци на ден 30.03.2017

Записник од јавна расправа одржана во Скопје на ден 04.04.2017

Запсиник од јавна расправа одржана во Скопје на ден 28.03.2017

Записник од јавна расправа одржана во Куманово на ден 07.04.2017

Записник од јавна расправа одржана во Скопје на ден 10.04.2017

Записник од јавна расправа одржана во Ресен на ден 05.04.2017