Известување 05.12.2016 за нови уверенија

Почитувани во согласност со најновите измени на Законот за вршење сметководствени работи Ве известуваме:

  • За поднесување документација за лица кои досега се немаат стекнато со уверение за сметководител/ овластен сметководител во согласност со Законот потребно е:

Со статус на сметководител или овластен сметководител се стекнува лице кое ги исполнило условите од членовите 15 и 16 од Законот и се стекнало со трајно уверение за сметководител, односно овластен сметководител од Институтот.

Член 15

(1) Лицето кое сака да се стекне со статус на сметководител или овластен сметководител до Институтот поднесува писмено барање за стекнување на уверение за сметководител, односно овластен сметководител.

(2) Кон барањето за стекнување уверение за сметководител задолжително се доставува:

1) доказ (уверение) за завршено средно економско образование и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа на сметководството, или

2) доказ (уверение) за завршено тригодишно високо образование од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку две години од областа на сметководството, или

3) доказ (уверение) за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку една години од областа на сметководството и

4) доказ за уплата на надоместокот за добивање трајно уверение за сметководител.

(3) Кон барањето за стекнување уверение за овластен сметководител задолжително се доставува:

1) уверение за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС),

2) потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа на сметководството и

3) доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение за овластен сметководител.

(4) Документите од ставовите (2) и (3) на овој член се доставуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.

(5) На лицето кое ги исполнува условите од ставот (2), односно ставот (3) од овој член, Институтот му издава уверение за сметководител односно за овластен сметководител во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето.

(6) Формата и содржината на барањето од став (1) на овој член како и формата и содржината на уверението за сметководител односно овластен сметководител ги пропишува министерот за финансии.

Образецот на Барањата за сметководител/ овластен сметководител ке ги најдете на нашата веб страна во делот регулатива.

Доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение -Институт на сметководители и овластени сметководители ИСОС

Жиро с-ка: 380177109305138 Депонент:  Прокредит Банка

Цел на дознака: уплата за надоместок Износ: 1000,00 ден.

 

Член 16

(1) Лице кое добило лиценца за овластен ревизор може да се стекне со статус на овластен сметководител на начин и услови утврдени со овој закон.

(2) Лицето од став (1) на овој член за стекнување на статус овластен сметководител до Институтот е должно да достави барање и:

1)лиценца за овластен ревизор во оригинал или копија заверена на нотар и

2)доказ за платен надоместок за издавање уверение за овластен сметководител.

(3) Институтот на лицето од став (1) на овој член му издава уверение за овластен сметководител во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

(4) Овластениот ревизор кој стекнал уверение за овластен сметководител не може кај едно правно лице истовремено да врши работи на овластен сметководител и на овластен ревизор.

Образецот на Барањата за сметководител/ овластен сметководител ке ги најдете на нашата веб страна во делот регулатива.

Доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение -Институт на сметководители и овластени сметководители ИСОС

Жиро с-ка: 380177109305138 Депонент:  Прокредит Банка

Цел на дознака: уплата за надоместок Износ: 1000,00 ден.