Информација 05.12.2016 за лица со уверенија

Почитувани во согласност со најновите измени на Законот за вршење сметководствени работи Ве известуваме:

  • За поднесување документација за лица кои се стекнале со уверение за сметководител / овластен сметководител во согласност со Законот потребно е:

(1) Лицата кои се стекнале со уверенија за сметководител односно овластен сметководител согласно членовите 48, 49 и 50 од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12) и членовите 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14), можат во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон да поднесат барање до Институтот за издавање на ново уверение за сметководител односно овластен сметководител согласно условите под кои ги стекнале уверенијата издадени од министерот за финансии.

(2) Кон барањето од став (1) на овој член до Институтот задолжително се доставува оригинал или копија заверена на нотар од уверението за сметководител односно овластен сметководител издадено од министерот за финансии.

(3) Институтот е должен на лицата од став (1) на овој член да им издаде ново уверение за сметководител односно овластен сметководител во рок од 60 дена од денот на поднесување на барањето.

(4) Со денот на издавање на уверенијата од став (3) на овој член престануваат да важат уверенијата издадени од министерот за финансии.

(5) На лицата кои во рокот од став (1) на овој член нема да поднесат барање до Институтот за издавање на ново уверение за сметководител односно овластен сметководител им престанува важноста на постојните уверенија за сметководител или овластен сметководител издадено од министерот за финансии и врз основа на истите немаат право да вршат сметководствени работи.

Образецот на Барањата за сметководител/ овластен сметководител ке ги најдете на нашата веб страна во делот регулатива.

Доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение - Институт на сметководители и овластени сметководители ИСОС

Жиро с-ка: 380177109305138 Депонент:  Прокредит Банка

Цел на дознака: уплата за надоместок Износ: 1000,00 ден.