Повик за подигање на уверенија по втор повик

Почитувани,

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија од вторник 07 март 2017 ќе отпочне со доделување на уверенијата за овластен сметководител и сметководител, по вториот јавен повик.

Ве замолуваме со цел обезбедување ефикасно одвивање на процесот на доделување на уверенија, да го забележите Вашиот број на уверение или архивскиот број, што може да го утврдите во листите кои се објавени на веб страната на Институтот.

Овластените сметководители и сметководители можат да ги подигнат уверенијата во просториите на Институтот за сметководители и овластени сметководители на РМ на ул. Ѓуро Стругар број 5 – зграда Технометал, кат 1, лок 132/133 во работни денови од 08:00 до 15:00 часот.

Со почит,

ИСОС