ОГЛАС за прибирање на понуди

 

Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ објавува оглас за ангажирање на овластени фирми за вршење на превод. За таа цел ги повикуваме сите овластени фирми да поднесат понуди за вршење на писмен превод.

Јазици кои се користат во рамки на проектот се: англиски, македонски, албански, српски и хрватски.

Ве молиме вашата понуда да се состои од следново:

- Потврда за регистрација на фирмата;
- Референтна листа на фирмата;
- Биографии од понудените преведувачи;
- Финансиска понуда за вршење на писмен превод (1.800 карактери без простор, по страна);
- Време на интервенција (брзина) за писмениот превод.

Заинтересираните страни можат да достават понуди до Институт на сметководители и овластени сметководители на адреса улица Ѓуро Стругар бр.5 (зграда Технометал Вардар кат 1 лок.132/133) или на isos@archiva.mk. Сите понуди треба да бидат доставени во затворен плик на горенаведената адреса во периодот од 01.06.2017 година до 10.06.2017 година.

Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор.