Неработни денови во 2020 година

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2020 година неработни денови се: За сите граѓани на РМ • 01 јануари (среда), Нова Година, • 07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот […]

Младински додаток

Младински додаток од 3.000 денари за сите млади вработени во производна дејност

Со младинскиот додаток поттикнуваме вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование. На овој начин истовремено придонесуваме за подобрување на нивниот животен стандард и ги задоволуваме потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. Младинскиот додаток ќе биде во висина од 3.000 денари месечно и ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование.

субвенционирање придонеси

Субвенционирање на придонеси

Законот за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата.Законот за субвенционирање на придонеси се применува од 01.11.2019 год., со исплатата на платата за месец октомври 2019 год., минималниот износ за кој се одобрува субвенционирањето изнесува 600 ден., а максималниот износ 6.000 ден.