субвенционирање придонеси

Субвенционирање на придонеси

Во “Службен весник на РСМ” бр.239  се објави Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата.

Условите за користење на субвенционирање на социјалните придонеси се:

-работодавачот(правниот субјецт) да има статус на активен обврзник за пресметка и уплата на придонеси, односно да не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење согласно Законот за трговски друштва;

-да нема доспеани обврски по основ на бруто плата до денот на побарување на субвенцијата на придонеси.

Законот за субвенционирање на придонеси се применува од 01.11.2019 год., со исплатата на платата за месец октомври 2019 год., минималниот износ за кој се одобрува субвенционирањето изнесува 600 ден., а максималниот износ 6.000 ден.