Комплетни сметководствени услуги

Сметководствената дејност е исклучително комплексна и бара експертиза и знаење од широк спектар на активности кои се неопходни за правилно водење на сметководствените и книговодствените процеси, со цел задоволување на законски пропишаните стандарди.

Ние сме лиценцирано сметководствено биро кое ги задоволува предвидените меѓународни стандарди за финансиско известување МСФИ, со искуство во сметководствената дејност повеќе од 25 години.

Нашата експертиза се однесува на повеќе различни дејности кои ги вршат нашите клиенти:

  • Услужни дејности
  • Градежништво
  • ПЗУ
  • Производство
  • Трговија на мало
  • Трговија на големо
  • Увоз / Извоз
  • Угостителство
  • Хотели и хостели
  • Шпедиции
  • Печатници
  • Превозници
  • Адвокати и Нотари
  • ИТ компании

Под комплетни сметководствени услуги се подразбира:

  • Преземање на комплетната сметководствена документација,
  • Класирање,
  • Сметководствена обработка:
    • Финансиско сметководство
    • Материјално сметководство
    • Денарско и Девизно работење
    • Пресметка на плати
    • Благајна
    • Обработка на патни налози
  • Поднесување на редовни извештаи до менаџментот,
  • Креирање и поднесување на даночни пријави,
  • Составување и поднесување на годишна сметка.

Покрај главните сметководствени услуги, нудиме и споредни сметководствени услуги:

  • Пријава и одјава на работници, огласување во АВРМ
  • Застапување на друштвото пред државните агенции (УЈП, МТСП-Социјално,ПИОМ)
  • Статистички извештаи
  • Регулирање на Стаж и М4

Навременото преземање и обработка на сметководствената документација е основен предуслов за елиминирање на грешките и навременото информирање. Преземањето на документите се врши еднаш или два пати во месецот во зависност од обемот на работа со претходно подготвен записник.