Стрелец Трејд Дооел Скопје е лиценцирана сметководствена фирма со долга традиција. Основана е во 1991 година во Скопје. Со 30-годишна традиција во областа на сметководството и консалтингот. Специјализирани сме не само во основното книговодство, туку и во областа на даночниот и сметководствен консалтинг. Во фокусот на нашето внимание отсекогаш биле и ќе останат нашите клиенти. Нашиот деловен модел е фокусиран токму на потребите на клиентите. Во нашето долгогодишно работење имаме успешно соработувано со повеќе од 200 компании, кои ни ја дале довербата да се грижиме за нивните финансии и да понесеме дел од одговорноста и успешноста на нивното работење.
Цената на сметководствените услуги ја креираме на транспарентен начин и без скриени трошоци.
Врз основа на член 21 став (6) од Законот за сметководствени работи, сметководственото биро Стрелец Трејд Дооел Скопје има дозвола за вршење на сметководствени работи бр.71 0248 издадени од ИСОС.
Имаме знаење од локална и меѓународна сметководствена пракса. Ви нудиме комплетни сметководствени услуги. Концептот на комплетни сметководствени услуги ги опфаќа сите аспекти на сметководството и книговодственото работење на компанијата. Покрај сметководствените и книговодствените услуги, малите и средните претпријатија имаат потреба од административни и деловни услуги за оптимално постигнување на целите. Овој концепт на целосна замена на сметководствениот и административниот оддел во рамките на фирмата обезбедува заштеди на трошоците за ангажирање на вработени и дополнително ангажирање на простории и опрема.